Светињата на животот и детеубиството

Светињата на животот и детеубиството
Не правете го гревот - убивање на сопственото дете! Не мислете дека е абортусот некоја безопасна операција како што е отстранувањето крајник или вадењето заб.
Науката тврди дека нероденото дете не може да се смета за суштински дел од телото на својата мајка. Детето, колку и да е мало, претставува посебна личност. Животот на човекот не започнува од моментот на неговото раѓање, туку од моментот на зачнувањето.
Но, најважно од се е тоа што убиството на нероденото дете претставува смртен грев за кој родителите ќе дадат одговор пред Бога.
Затоа не чудете се ако по прекинот на бременоста можеби ви се распаднало семејството или ве снашла некоја тешка болест или некоја друга несреќа. Не чудете се - тоа е последица на чедоубиството! Не може да се гради материјалната благосостојба врз детската крв! Не помрачувајте си ја својата совест, не земајте си на душа толку тежок грев! Не мислете дека имате право да располагате со туѓиот живот!
Убивајќи го нероденото дете, родителите се убиваат самите себе. Доколку неродениот човек, како и родениот и возрасен човек, има своја бесмртна душа, по смртта на родителите неминовно им претстои средба со душите на децата што ги убиле!
Само во периодот од 1 до 20 март 1995 година на улиците и во депониите на Нови Сад и на Лесковец пред очите на јавноста, од глад или поради напуштеност, умреле пет новороденчиња и бебиња. Колку неродени умреле - знае само Бог...
Каква е иднината на народот кој својата благосостојба ја гради на легализирање на смртта на своите потомци, дозволувајќи им на жените да ја претвораат својата утроба во "кланица на неродени деца?