АСКЕТСКИ ОПИТИ - Свети Игнатиј Брјанчанинов - втор дел

Душа на сите опити во Господа е „вниманието“. Без
внимание сите тие опити се бесплодни, мртви. Кој сака да се
спаси, тој мора така да се устрои себеси да може да „внимава
на себе“ не само кога е сам, туку и кога е опкружен со луѓе
и при расеаност, во која понекогаш против своја волја е
вовлечен од околностите. Стравот Божји нека натежне на
вагата на срцето над сите останати чувства: тогаш човекот
лесно ќе го сочува „вниманието на себе“, и во безмолвието
во ќелијата, и среде окружувачката од сите страни бучава
и врева.