НАДЕЖ
Од кога дознав за себе
се прашував дали постоиш,
дали си само спомната во бајките
или си дел од нас – а само молчиш.
Гледајки ги промените,
кажуваа дека нема бегање
од кругот на животот –
нема да остане ништо од имотот,
ништо од своината
нема нешто што смртта не поминала.
Се прашував тогаш
да не е тоа прелага,
возможност да постоиме
но никогаш да не опстоиме.
Се што постои има крај
заклучок логичен –
тогаш - нема рај.
Очај се надви
над главата моја,
тупост ми претеше нели –
од таа смеа силна,
од тоа ликување дрско
на човек да му стане мрско.
Се редеа книги
и писанија разни,
се менуваа учени
но сето тоа беа сказни,
рецепт по рецепт за живот вечен
терапија за смртта од која треба да бидам лечен.
Јас незнаев – но секогаш ме пратеше
се сомневав, но ти не се губеше
тагував – но не очајував
паѓав – но постојано војував.
Се менуваа облаците,
ветровите низ косата ,
ме запозна со Женикот,
Кого светот не Го стави во именикот.
не му придаде значење,
туку Го предаде на мачење –
за да те уништи тебе,
соголи силата твоја
замени со очајот беден
кој само на пеколот му е вреден.
О надеж моја,
о крила ангелски,
кога и последни искри занемуваат
љубовите со тебе не нахрануваат,
ликовите тогаш се откриваат
името твое го призиваат.
Лагата бега, занемува
вечноста нас ни се открива -
ти си занавек соединета
од Него излезе и во Него се враќаш
еден целосен спој
Кој Е Спасителот мој.
Извадок од стихозбирката Манастирски води - Лебедот