50 поуки на светиот Теофан Затворник III дел

Спасение на себеси и поправање на другите
42. Кој ви кажа дека е тешко да се спасиш? Потребно е само да се посака, и одлучно да се зафатиш за делото - и спасението е готово.
43. Секаде е можно да се спасиш и секаде да пропаднеш. Првиот ангел меѓу ангелите отпадна. Еден апостол помеѓу апостолите во присуство на Самиот Господ отпадна.
44. Вие станете исправни - тогаш и свештеникот ќе се промени. Ќе размисли: со овие не може било како да се служи, треба да се служи со стравопочит и да се воведат поучни беседи.
45. Демонот, погубителот на душите, преку ревноста за спасение на сите, ја воведува во пропаст душата на оној кому му внесува такви мисли.
Православна Црква и Вера
- Да верува и' е својствено на возвишената и велика душа, а неверувањето е белег на неразумната и ниска душа.
- Треба да се знае вистината и да се верува во неа: каде можеш да ја добиеш неа ако не во Црквата, која е ,,столб и утврдување на вистината” (1. Тим. 3:15)? Тебе ти е неопходно да примиш благодат: каде ќе ја најдеш ако не во Црквата, хранителката на Светите Таинства, без кои не се дава благодатта? Потребно ти е да имаш вистинско раководство, и во делата на раководење и во делата на животот: каде ќе го најдеш ако не во Црквата, во која е единственото од Бога устроено и востановено пастирство? Треба да се соединиш со Господа Исуса Христа: каде ќе се удостоиш на тоа, ако не во Црквата, чија глава е Христос Господ?
- Католиците го поматија апостолското Предание. Протестантите се зафатија да ја поправат работата но уште полошо направија. Кај католиците папата е еден, а кај протестантите, ни протестантот ни папата.
- Кој вели: ,,Јас, и дома молејќи се, можам да го привлечам Небесниот Дух” тој прилега на човек кој се надева да ја угаси жедта со замислување на водата.
- Кога ќе ослабат или се изменат начелата: Православие, Самодржавност и Народност, рускиот народ ќе престане да биде руски.
(превод од руски сестринството на манастирот)