ЗОРАТА
Ја чекам да се буди
Или таа ме чека да се разбудам,
За сето она што ми се нуди
Надевајќи се дека ќе се вразумам.
Полека ја подава својата свежина
Независно од тоа дали е облачно или ведрина,
Давајќи ми пример – што и да се случи,
Господ промислува и постојано нѐ учи.
Силен повик чуствувам во моите гради –
Стани, не спиј ти кој за пат се спремаш,
Да не ти истече и тоа време кое го немаш
Та потоа да те заплискуваат твоите јади.
Ти благодарам Патеводителке
За смелоста која ја имаш пред Светлината,
Ти Kоја во срцата наши си постојана родителке,
На зора која ја прогонува мачнината.
Од стихозбирката Манастирски води Лебедот