За параболата на митарот и фарисејот - старец Георгиј Капсанис
Првата недела од Триодот е посветена на параболата за митарот и фарисејот. Црквата наша со убавата и боговдахновена химнологија го насочува нашето внимание следејќи го словото на Господа, дека онаа молитва којашто спасува и го оправдува човекот не е молитвата на човек којшто верува во неговите добродетелите и праведност и во добрите дела, туку молитвата на човекот што има скрушено срце и како митарот повикува кон Бога: „Боже, помилуј ме грешниот“.(Лука 18,13).
Господ денес не нѐ учи за неопходноста од молитвата – на други места во Светото Евангелие нѐ поучи за неопходноста од молитвата, туку како треба да се молиме.
Денес на оваа тема посебно ни го насочува вниманието, дека молитвата за да биде прифатлива од Бога, треба да биде со митарска мисла, со длабоко смирение, со скрушено срце. Вистината е дека сите треба да повнимаваме на оваа тема, и ние монасите и браќата од светот, зашто самољубието наше – скришно многупати – ни прави да се мислиме себеси оправдани пред Бога, доблесно.
Ни прави да ги гледаме подобро недостатоците, слабостите и гревовите на ближните, а не нашите. И така, да не се молиме пред Бога со длабокото смирение, со покајанието, со самоукорување, со скрушеното срце со коешто треба да се молиме.
Се запрашувам: Во годините на животот наш каде секој од нас има стигнато на некоја возараст, колку ли од молитвите наши стигнале до Бога со митарска воздишка, а колку стигнале со фарисејско самооправдување. Не знам. Бог знае. Тоа ќе се открие во денот на Судот. Но јас вознемирено се плашам дека многу од молитвите наши не биднале со дух на покајание и скрушеност и со смирението на митарот, туку биднале со самооправдувањето на фарисејот.
Затоа денес ја бараме милоста Господова.
Прво, за сите до денес наши молитви, кои не Му беа благоугодни, зашто биднаа со фарисејски дух. Второ, ја бараме благодатта Негова и Неговото посветление да ни даде длабоко и искрено покајание и подвижничко расположение, така што од сега и понатаму, молитвите наши да стигнуваат колку што е можно повеќе со дух митарски. Другпат, знајте дека пред Божествената Причест, кога одиме да се причестиме ние свештенослужителите, велиме: „Ти воскликнувам Христе Спасителе со гласот на митарот, смилувај ми се мене како нему, и помилувај ме Боже“.1
Блажено ќе е така да се чувствуваме секогаш, како должни пред Бога, како виновни пред Бога, како многу огрешени пред Бога, тоа е благоугодно на Бога. Како многу недостатоци да имаме, како не оправдани да бараме некоја утеха од Бога за досегашните наши добри дела, и само од Неговата милост и благодат зависни, така да се молиме. Оваа смирена молитва Бог ќе ја прима и ќе не благослови и ќе ни помага да напредуваме духовно.
За време на траењето на Триодот и Великата Четириесетница, нашите молитви ќе бидат слушнати од Бога, ако бидат принесени со митрска мисла и воздишка.
1Τριώδιον. β' κατανυκτικόν έσπέρον β' ήχου, έκ τών ψαλλομένων τή Κυριακή έσπέρας τής Μ.Τεσσαρακοστής.
превод сестринството на манастирот