Стихозбирките Манастирски води во ново и уникатно издание

18/11/2019

Четирите изданија кои претставуваат сведоштво за духовниот живот преточено во поезија, која секојдневно експресивно се испишува на хартија, познати како Манастирски води , Лебедот, Убавина и Осамен волк, од денес за читателите и во префинет кожен повез.

Кориците се изработени по технологијата на старите Слепченски работилници во кои се создавале и креирале кожни повези со уникатни орнаменти по кои биле препознатливи.