Препознавање - кон Свети Наум
Очи се исправија во рамнина,
Раце останаа празни покрај тело
Здогледаа мисли во близина,
Допир кој доаѓа од врело.
Солзи на допир одговорија
Вода потребна брашно да се накваси,
Се создаде тесто за душа човечка
Виор од благодат испразни мисли.
Допир продолжи вон временски
Се додека печат на просфора не постави,
Препозна, душа препозна,
Ум на минлив се зарадува.
Дојде ти Науме,
Кој од мене никогаш не се оддалечи,
Да закрепнеш посинок навреме
Во мака, во радост да не пропадне.
Препознав,
Повторно те запознав,
Запознав, расо твое облеков,
На себе крст свој навлеков.
Оче препознаен
Во срцево удомен,
Во мисли застапен,
Успокој посинок недостоен.
Ете со собрат Кипријан
Надвисувате коси побелени,
Поделувате дарови дарувани
Искупувате души натажени.
Не отстапувајте од родов човечки
Да не престануваат вашите молитви,
Постојано благодат да се излева
Везден љубов да се додава.
Од поезијата Манастирски води на сестринството
на манастирот Свети Јован Претеча Слепче