ПАТЕПИСЕЦ - кон свети Јован Битолски

02/07/2021

         

Ден ни осамна

вечер не доаѓа,

бидејќи време се растопува

зауздано под палка

која Он ти ја дарува.

 

Со жезол тој

уште денови за покајание

од Него ти измоли

за наше преумување.

 

О, Јоване

смирен Божји угодниче,

о, крило орлово

кое таги и болести развејува,

утеха и мир од небеса

за челад донесува.

 

Патеписец за нас постана

кој по своите свети молитви

нам патот ни го осветлува

и од Вишниот

список измолува да се раскинува.

 

Не се оддалечувај оче свети

од челад непостојана

во вера спасоносна,

но умудри, о Божји угодниче,

и во ден на твоја прослава

и во вечер на метеж духовна,

да се одмори душа обременета,

а срце кон Господа да повика:

не поради наша правдина

туку поради светост

и угодништво Јованово –

Господи спаси и помилуј !

 

 

Од поезијата Манастирски води на сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче