Пак и пак - кон свети Јован Руски
Патишта уморни нема
ноѕе отежнати да свлечкаат,
од очи уморот се зема,
кога Ти ме повика.
Душа тело не прашува
надземно станува тоа,
вечност да го поткрепи
крила да добие мора,
кога Ти ме повика.
Еве пак кон Тебе приоѓам,
веќе што добивам –
нема да нагаѓам,
само тоа треба да го умножам –
кога со други ќе го споделам.
Од едно – десет,
од пет – пет илјади,
и така во недоглед
се умножува благодат која Ти ја подари.
По Тебе тргнавме Вишни –
дојде да послужиш
не да Ти служат,
на секого од нас даде книшки
подарена љубов да запишат.
Сега пак при Твоја врата итам
од извор на слуга Твој да се напијам,
душа да закрепнам
очи духовни да измијам.
Под Твојот омофор да приведам
пријатели мили од далечина
тек тогаш да се одморам,
да ја подарам мојата наемнина.
Низ време така да битисувам
со небо да се покривам,
од крај до крај да итам,
со Твојот здив да се хранам.
Ноѕе да преклонувам
пред Светиот надумна, несфатена,
самотија да измивам,
во стадо Твое да се најдам.
Од поезијата на сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче
моштите на светиот Јован Руски