На Мајката

06/04/2020

                        кон Благовештение

 

Цвет не можам да донесам

зошто таква градина немам,

која послана може да биде

од мириси кои срце не ги виде.

 

Поглед не можам да подарам

зашто мојов е постојано наведнат,

а непрестано јас тагувам

како дете чии очи по мајка чезнеат.

 

Но би сакал збор да слушнеш

Ти Која секоја душа ја поимаш,

збор во река од убавина да премине,

да може искреноста, на своите крилја да ги донесе.

 

Од ноќта подранува духот

кој не може да заспие,

Тебе Те бара, Која совршеност

на послушание пред род Свој принесе.

 

Очи влага затоа немаат

и они укотвени во икона Твоја пресушиле,

но надеж никогаш не губат

очекуваат рака Твоја да ги допре.

 

Рака мајчинска за која дете не знае

дали влажна е од роса утриснка

или од солзи, производ на бдение,

кое безвремено го имаш за челадта.

 

Благодат преку Тебе се излева

на глава моја сонлива,

но јас нем постојано останувам

на грижата Твоја ненадминлива.

 

Песнава, тага нека не биде,

зборовиве сокриј ги во пазуви

и ангел да не може да ги најде,

за да можам да се стопам

и дел да бидам од градината,

градината на Твоите цветови.

 

Од стихозбирката на сестринството Манастирски води