Еромонах Лука Григоријатски - Старец Георгиј Капсанис наспроти современите предизвици на човекоцентричниот хуманизам
(Беседа за време на конференцијата на Здружението Пријатели на Света Гора)
Му благодарам на достојнопочитуваниот претседател на Здружението на пријетели на Света Гора, господин Георги Кароциери, за благородната покана да беседам на вечерашната конференција, којашто Здружението на Пријатели на Света Гора ја организира, за да го чествува блаженоупокоениот Катиигумен на Светиот наш манастир, многублагочестивиот старец Георгиј Капсанис. Стојам овде и беседам со благословот на почитуваниот Катиигумен наш, Архимандрит Христофор, чиишто благодарности и молитви му ги пренесувам на претседателот, на членовите на Здружението на Пријатели на Света Гора и на сите коишто ја испочитуваа конференцијата наша со присуството свое.
1. Како многустран адамант блаженопочинатиот старец ги насочуваше зраците на богољубивата му душа кон различни области. Многустраното служење кон Црквата, кон Света Гора, кон народот наш беше плод на неговата Христообразна љубов.
Од љубов ги восприми крај себе многуте духовни чеда, одгледувајќи ги како добар пастир за спасението нивно.
Од љубов ги принесе силите свои на заедницата на Света Гора за соочување со различни теми.
Од љубов се предаде на соочување со богословски прашања коишто ја вознемируваа Црквата.
Од љубов им принесуваше слово укрепително и утешително на луѓето на секоја возраст и сталеж.
Од љубов, на крајот, го воздигна гласот свој и статусот свој, за да ја помогни искушуваната Црква.
Пред три месеци го имав благословот да посведочам за блаженоупокоениот старец како богослов и да ја опишам со груби црти содржината на неговата душа, љубовта негова, верата негова, смиреномудрието негово, расудувањето негово, молитвената и тихувателната состојба негова, и богословското негово исповедање во современиот црковен живот.
Денес ќе претставам една подеднакво важна страна на исповедништвото негово: Придонесот негов во заедничкиот подвиг на Црквата, против новите предизвици на човекоцентричниот хуманизам. И го правам од две причини: Прво, бидејќи за време на четириесетлетното игуменство негово во Манастирот Григоријат не престана да ја нагласува потребата од постојана приврзаност на народот наш во Богочовечкото предание во Православната Црква. И второ, зашто веќе постои општо искуство, во периодот на последните десетолетија човекоцентричниот хуманизам има донесено сериозни и несоодветни промени во изгледот на грчкото општество. Го согледувам односот мој на старецот Георгиј како нужен долг кон оние нешта за коишто тој се залагаше за да не претрпи штета народот наш духовно од дејствијата на човекоцентричниот хуманизам.
Кон терминот „човекоцентричен хуманизам“ старецот даде смисла на филозофијата и на ставот на животот, според којшто центарот и мерата и критериумот на сѐ е човекот без Христа. Како што точно напиша во 1982 во статијата Православие и Хуманизам. „Човекот ја има секогаш можноста на изборот помеѓу животот човекоцентричен (химанизмот) и животот богоцентричен (Православие). Во првиот случај, центар, критериум и крај на сѐ е човекот. Во вториот случај Богочовекот Логосот на Бога. Човекот хуманист верува дека самиот и без благодатта и заедницата со Бога може да се исполни и да ја изгради културата и историјата. Човекот, православниот христијанин верува дека само надминувајќи го „јас“ („егото“) може да се исполни и да создава вистинска култура и историја.
Во подвигот против новите предизвици на човекоцентричниот хуманизам присутна беше целата Црква: чесното Свештеноначалство, светиот Клир и благочестивиот народ. Црковниот осет ги имаше мобилизирано сите сили. Придонесот на старец Георгиј имаше две страни: првата, силните негови интервенции, коишто беа насочени кон пресретнување на брановите на новиот хуманизам, и второ тивкиот негов напор да ги створи предусловите за соочување со предизвиците. Бидејќи отец Георгиј не пишуваше само, ниту зборуваше само, но и се молеше и боледуваше, и направи својата болка да се упати кон Небесниот Отец. Оваа втора страна на приносот негов го дава одговорот на жалбата, што понекогаш пристигнуваше до неговите уши: зошто Света Гора не зборува? Кога околностите и потешкотиите со здравјето негово не дозволуваа да напише некое четиво, излегуваше од неговото срце една болка и еден крик молителен кон Оној Кој со силата спасува од смртта. И згора на тоа, излегуваше од неговите усни слово утешително и укрепително кон малото стадо коешто го посетуваше со цел да се образува во совеста на верните христијани дух лично спротиставувачки на израмнување со хуманистичката струја.
Двигател на старецот во овој подвиг беше љубовта негова кон Христа и кон Црквата. Љубовта негова беше плод на добродетели кои го красеа. Не даваше ништо да претставува, и ништо не ставаше пред оваа љубов. Ниту себеси, ниту манастирот негов. Карактеристична е неговата реченица: „Прво е Црквата, потоа Света Гора и потоа Григоријат“. Видливо е дека во оваа љубов не постоеше никаква себичност. Таинството на Црквата беше животот негов. Не знаеше само за Црквата, ниту само за црковните работи, но го живееше тоа што е Црквата: конкретниот историски богочовечки организам со неуспесите и гревовите на луѓето, но во истовреме и со светоста која го опфаќа сиот ум и чистотата, како тело на Богочовекот Христос, како столб и тврдина на вистината (I Тим. 3,15), како удел во обожението, како полнота на Оној Кој исполнува сè во сè (Еф. 1,23). Старецот беше внимателен. Негуваше етос, кој што беше неопходен за да се создадат спротиставености спрема хуманизмот кој надоаѓа.
Еклисиолошката наобразба и црковниот негов опит му помогнаа да гледа навремено и да ги процени важните настани. Подвигот негов беше одмерен, изедначен, не создаваше внатрешни тензии во Црквата. Беше силен кога требаше, кон оние кои ја напаѓаа, а кон личностите од Црквата внимателен. Даваше изглед дека веруваше во подвигот и исходот кон Господа Кој што ја води Црквата Своја. Со таков одраз се соочуваше со настаните кои се појавуваа во црковниот живот. Се радуваше со славата на црквата, а жалеше за несовршеноста на Нејзините членови. Црквата ја чувствуваше како Мајка наша, Која нè роди и израсна. Затоа се разминуваше со сето она што беше порвокација или навреда кон духовната ни Мајка. Најмногу од сѐ го вознемируваа недоличностите на непријателите и методите, коишто ја лишуваа Црквата од нејзината слобода да ја објавува на светот пораката за спасението.
Кога облаци го покриваа светлото видело на Црквата, болуваше и преку подвигот на себепринесување ја поддржуваше борбата. (продолжува)
Шест години од блаженото упокојување на старец Георгиј Капсанис
По неговите молитви Господи Исусе Христе помилувај нè !
превод сестринството на манастирот Св. Јован Претеча Слепче