Благородна
на света Евгенија
Го праша земјата небото
за тебе, о света Евгенијо,
се двоумеше цветот да заспие
а за убавината на душата да не дознае.
Зошто огнот не те согоруваше,
камен, меко тело не дробеше,
зошто душа за вера небесна обручи
а уште лик на светлина пред тебе не се појави ?
Не слушна земја глас од уста твоја,
туку Небеса се отворија над род човечки,
и твоја молитва прими челадта
за да срце и ум засити со благодатта:
не умее висина –
повисоко да се искачи,
не знае длабочина –
подлабоко да се спушти,
од род небесен во царски одаи,
од мудрост Господова, откриена на свои пријатели.
Затоа удоми се душо човечка
при пазуви Христови,
и смири се жеден човеку
при вечни љубови Негови.
Б лажена си ти невесто Христова,
Л агата при тебе исуши корења
А Он погледна на ревност ти велика,
Г лава стана, на душа од љубов запалена.
О ган нека се излее милостив
Р ани од гревови да зацели,
О ко Негово да погледне по твоите свети молитви
Д овека да те призиваме, о Евгенијо,
Н аша пред Господа душепазителко,
А земјата денес за тебе пред Него поклон направи.
Поезија од сестринството на манастирот