Скрипториум
Со возобновувањето на духовниот живот во Слепченскиот манастир Св. Јован Претеча, се пронајдоја одредени старопечатени книги, на коишто постоеа засписи што укажуваа на одредени дејности кои монасите ги работеле. Во тоа спаѓа и Слепченскиот скрипториум, односно делувања на монаси кои препишувале и создавале книги, како: Минеи, Пролози Четвороевангелија, Апостоли, од кои најстариот е сочуван ракописен Апостол од XI век, но многу фасцинантен е фактот што се појавија укажувања на дела на Слепченските монаси кошто составувале богословски зборници и трактати. Преку тие почетни траги, се појави желбата од страна на сестринството на манастирот, да се испитаат наводи на кои постоеа кратки реченици срочени во тие збирки – ракописи кои постоеја во Македонската академија на науките и уметностите.
навистина, МАНУ укажа дека постоела огромна библиотека и збирка на ракописи во манастирот Слепче, која во претходните столетија била однесена од многубројни патописци и личности кои биле задолжени за пронаоѓање на такви ракопоси по целото Православие. Од тоа произлезе дека денес мноштвото ракописи се наоѓаат во Унервизитетските библиотеки, Народни библиотеки, потоа во Аакадемиите во Бугарија, Србија, Украина, Русија, Хрватска и уште на многу други места. Изминативе години се пристапи по трагање на тие ракописи и нивно враќање во дигитална форма во Манастирот, со цел возобновување на манастирската библиотека. Врз основа на тие сознанија за важноста на тој препишувачки центар во Слепченскиот манастир свети Јован Претеча, се појави голема желба сите тие ракописи коишто се создавале во XI, XII, XIII век да се проучуваат и дешифрираат од страна на секцијата при сестринството на манастирот под раководство на академик Ѓоргиј Поп Атанасов.
