Како да се справам со гордоста?

Почитуван брате во Христа Саше,
ретко кој го поставува ова прашање, а уште поретки се луѓето коишто навистина сакаат да го решат проблемот со гордоста.
Затоа, можеме да ти укажеме дека на почетокот е исповедта и послушанието коешто од неа ќе произлезе. Човекот кога ќе покаже ревност да се избори со гордоста, треба да знае дека е нејзина мајка е самољубието, и според тоа, постојаното исполнување на молитвата Отче наш, во која тој што ја чита, ќе се соочи со зборовите "да биде волјата Твоја".
Тоа значи дека треба да се бара Божјата волја во животот, а не сопствената. Затоа, човекот се принудува на комплетно послушание за да не биде неговата волја.
Убаво прашање постави, тоа е целта на секој подвижник, и ние ти посакуваме Божја благодат и ревност за да се постигне твоето спасение.

Слепченски Манастир