Како да избереме свој духовен отец?

Драга наша сестро во Христа Радмила,
иако не е запишано во протоколите на Црквата, сепак во духовните аналии постои советот: духовниот отец да биде човек, свештеник, свештеномонах, пред кого што можеме да го отвориме нашето срце, и да зборуваме за сѐ што претставува наша тежина во животот. Тој духовен отец би требало да немаме потреба ни да го гледаме во лицето, како што би стоеле пред Христовата икона во храмот.
Без срам, страв и недоумица, да ги изнесеме нашите недоумици, стравови и срамови, и при тоа одговарајќи на прашањата поставени, да го послушаме поучувањето, да го примиме духовното раководство и така евангелски напоени, да го средиме нашиот духовен живот и да го исправиме нашиот пат кон Христа.
Ви посакуваме богоугодно и спасоносно патување.

Слепченски Манастир