Имам едно прашање во врска со Светата Тајна Крштение па би ви бил благодарен доколку ми го одговорите. Гледајќи разни пракси во вршење на обредот, пример кај малите деца до 2 години да речеме, некој ги потопуват целосно 3 пати во вода, некој само ги поливат главата 3 пати итн.. и после некој од народот па и свештенството велит дека е правилно канонски со потопување. Е сега ако не се изврши обредот со потопување тоа значи дека не си крстен?

 

Во праксата на Црквата, доколку постојат услови Светата Тајна Крштевање треба да се изврши со потполно потопување.
Но, ако не постојат услови: нема купел за крштевање, нема доволно вода, и други невозможности за да се изврши потполно потопување, на пр. треба да се крсти детето, а се наоѓаме среде пустина со само едно шише вода, тогаш се прифаќа и крштевањето со полевање од тоа шише вода.
Се извинуваме ако нашите зборови изгледаат саркастично, но, се надеваме дека ќе не разберете.
Заклучок, крштевањето се прифаќа, како и да е направено, со потполно потопување или полевање, но секако дека е подобро да се изврши со потполно потопување.
Господ да е со Вас!